-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Од денеска олеснети рестриктивните мерки во Велика Британија

Најчитани вести

– Од денеска во Велика Британија се олеснети мерките против епидемијата на коронавирус, во рамките на кои, меѓу другото, луѓето ќе можат да купуваат во несуштински продавници, но и да посетуваат фризерски салони.

Сите продавници, фризерски и салони за убавина ќе можат да ги отворат вратите за клиентите, а рестораните и пабовите ќе имаат дозвола да служат храна и алкохолни пијалоци во нивните бавчи, јави Би-Би-Си.

Од денеска е дозволена работата на фитнес центри, сауни, зоолошки градини, тематски паркови, книжарници и културни центри, а престана да важи забраната за членови на семејството што живеат во заедницата за заеднички одмор во самостојно сместување. На свадбите ќе можат да присуствуваат 15 лица, додека на 30 лица ќе им биде дозволено присуство на погреб.

Децата ќе можат да излегуваат на игралиштата, домовите за стари лица ќе овозможат за нивните штитеници посета од по две лица и ќе бидат дозволени часови за возење.

Премиерот Борис Џонсон ги повика граѓаните да бидат одговорни и натаму, иако ублажените епидемиолошки мерки стапуваат денеска во сила.

На 6 јануари, Британија влезе во третото „затворање“ од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Џонсон рече дека олеснувањето на мерките е „голем чекор напред на мапата на патот кон слободата“, пренесува Би-Би-Си.

„Сигурен сум дека тоа ќе биде големо олеснување за сопствениците на компании кои се затворени подолго време, и за сите други е шанса да се вратат на некои работи што ги сакаме и кои ги пропуштивме“, рече британскиот премиер.

Приближно 32 милиони луѓе во Велика Британија досега ја примиле првата доза на вакцината, а 6,5 милиони и втората доза.

Резултатите од новата студија спроведена од агенцијата Јавно здравје Англија (PHE) покажаа дека благодарение на вакцините против коронавирус, спречени се повеќе од 10.000 смртни случаи на постари возрасни лица во Велика Британија од почетокот на имунизацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com