11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ОД ДЕНЕСКА: Нови правила за влез во објектите

Најчитани вести

Од денеска за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

– Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, се наведува во соопштението од Министерството.

Ќе дискутираме и за други евентуални дополнителни рестриктивни мерки, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, овие мерки пред се би се однесувале на невакцинираните граѓани, имајќи предвид дека најголем товар во болничкиот систем доаѓа од нив.

-Можно е да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени дози и за други места и настани, отколку што е сега, информира министерот.

Сертификатот со две дози се однесува на следните објекти:

– семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

– барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

-влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com