10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Од грабеж на банка до кусок на интегритет

Најчитани вести

МВР вчера соопшти дека се привдени две лица – Н.Ш. (24) и С.Б. (32), поради сомнение дека учествувале во вчерашното разбојништво во експозитура на банка во центарот на Скопје, каде три лица со закана со оружје одземале пари од вработените.

Оваа информација од „црната хроника“ немаше да привлече поголемо внимание, доколку не протекоа информации од релевантни извори, дека иницијалите С.Б. се однесуваат на лице опфатено со случајот „Планина“, а кое во моментов треба да е во куќен притвор. Со тоа, истрагата за случојот во банкарската експозитура, е на добар пат да открие и многу повеќе од сторители на грабеж, односно – и системски дефекти.

А фактот дека С.Б. наводно бил приведен заедно со полицаец од Сарај, буди уште понепријатни асоцијации, токму заради историјатот на случајот „Планина“. Но, пред сѐ, ја изложува на виделина (не)оправданоста на некои судски одлуки.

Во друштво на полицаец

Случајот лани предизвика големо внимание во јавноста, откако од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реагираа дека била пробиена акцијата „Планина“, во која се трагаше по две групи кои се занимавале со трговија со дрога, една од село Грчец и друга од населбата Гази Баба, што резултираше со бегство на шест локални наркобосови. Од Обвинителството тогаш најавија дека од одземените електронски уреди ќе се утврдува дали има поврзаност на групите со припадници на МВР или со други институции, но досега нема информации дали дошле до такви податоци.

Лани на 31-ви во март МВР распиша шест меѓународни потерници за избеганите членови од овие групи, од кои едната потерница беше токму за вчера приведениот С.Б. Сите се бараа како осомничени за кривично дело по членот 215 од Кривичниот законик – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични други, психотропни супстанции и прекурсори. Пет и пол месеци подоцна, на 19-ти септември лани, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронајдоа и приведоа С.Б. на подрачјето на Ѓорче Петров, по што тој од судија на Основниот Кривичен суд добил – куќен притвор!

Вчера С.Б. повторно бил приведен, без детали во какви околности. Но, според неофицијални информации, тој и другото приведено лице наводно биле затекнати при контрола на возило, во кое биле најдени предмети кои наликувале на опрема што се користи при грабеж. Допрва ќе се утврдува дали лицето С.Б. навистина бил инволвирано во грабежот во банката, но и без тоа, останува прашањето: дали бил баран со потерница толку време за да добие куќен притвор, кој, ако се покажат точни неофицијалните информации, на крај ја злоупотребил таа мерка? Односно, врз основа на кои оправдани околности, на лице барано со потерница, и кое толку долго долго време било недостапно на органите на прогонот, судија од Основниот Кривичен суд му ја одредил поблагата мерка – куќен притвор?

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека уште веднаш поднеле жалба на таквото решение, но и по два месеца сѐ уште нема одлука од Апелацискиот суд.

(Не)оправдани околности

Судии со кои разговраше ДВ не можат да се сетат на примери кога лица барани со потерница добивале куќен притвор. Тоа не значи дека дека не постојат и оправдани околности поради кои може да се донесе таква мерка и за условно речено „поекстремни случаи“, но сега треба да се добие одговор дали тоа било оправдано и во овој случај. Иако и досега имало реакции дека заради слични ситуации многу напори за пат до правдата паѓале во вода, од Судскиот совет кој треба да ја следи и оценува работата на судиите, не се добива впечаток дали и колку се занимава со вакви случаи, кога праксата им се „исмејува“ на одлуките.

А, примери за дејствување има, не само во однос на одлуките за притвор, туку и за прифатените гаранции за ослободување од притвор. За една таква гаранција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе испрати известување до Судскиот совет. Се однесува на декемвриска одлука на Апелацискиот суд во Скопје за еден случај од висок политички профил, во кој е прифатена висока финансиска гаранција, со што мерката притвор се преиначува во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска лицето да се јавува во судот. Обвинителството ќе реагира што во дел од таа сума, е прифатена и гаранција во имот на која е потпишан само сопругот, а не и сопругата, иако тој имот им бил стекнат во брак.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com