30.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Од вчера влез во Србија без ПЦР-тест

Најчитани вести

Граѓаните од земјите во регионот, вклучително и Македонија, од вчера може да патуваат во Србија без ПЦР-тест.

„Од 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, соопшти Владата пред два дена по телефонскиот разговор на премиерот, Зоран Заев, со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез, денеска изјави дека укинувањето на задолжителниот тест за сите што доаѓаат во Србија од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот.

„Регионот е наш заеднички дом, затоа одлуката на министерот за здравство за укинување на задолжителниот ПЦР-тест за секој што ќе дојде кај нас од непосредната околина е уште еден показател за нашата подготвеност да ги отстраниме бариерите меѓу нас“, рече Кадез.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com