Home » Од април Албанија ќе има ден без автомобили секоја прва недела во месецот

Од април Албанија ќе има ден без автомобили секоја прва недела во месецот

by Журнал.мк

Почнувајќи од 3 април, секоја прва недела во месецот, секој град во Албанија ќе има ден без автомобили, соопшти денеска албанската влада. Одлуката е донесена за време на глобална енергетска криза, која силно ја погоди земјата, а цените станаа едни од највисоките на континентот.

„Треба да го намалиме сообраќајот најмногу што можеме, а ако не можеме да избегнеме палење на автомобил секој ден, најмалку што можеме, е да го направиме тоа за викенд. Затоа, ние ја почнуваме акцијата Ден без автомобил, првата недела, секој месец“, појасни министерката за туризам Мирела Кумбаро.

Таа истакна оти мерката не е само за да се заштедат пари на гориво, туку и за да се придонесе за заштита на животната средина.

Од почетокот на руската офанзива во Украина, цените на горивата во Албанија значително се зголемија, а како една од најсиромашните европски земји, со минимална плата од само 240 евра месечно, цените од над две евра за литар тешко ги погодија бизнисите и семејствата, пишува „Еуроактив“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk