5.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Од авганистанските телевизии ги снема водителките, ОН бараат нова влада со многу жени

Најчитани вести

Советот за безбедност на ОН денеска повика преку преговори во Авганистан да се формира нова влада, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна и ќе вклучува целосно, еднакво и значајно учество на жените во неа“. Во исто време, од авганистанските телевизии ги снема жените-водители.

15-члениот орган, чии членови денеска се состанаа за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, повика и на итен прекин на непријателствата и кршење на човековите права.

Советот, исто така, побара на сите страни да им се даде итен, безбеден и непречен хуманитарен пристап.

Во исто време, водечките авганистански ТВ-станици продолжуваат да емитуваат програма, но со една голема разлика од периодот пред падот на Кабул во рацете на талибанците – водителките и презентерките исчезнаа од малите екрани, пренесува Би-би-си.

Во етерот на државната телевизија има сѐ повеќе позитивни коментари за талибанците.

Талибанските милитанти вчера дошле пред вратите на две новинарки во Кабул, јави Си-ен-ен, повикувајќи се на извор близок до новинарките.

Според тој извор, една од новинарките посетени од талибанците рекла: „Многу сум загрижена за мојата и безбедноста на моето семејство“.

Повеќе новинарки во последните денови добиле заканувачки повици од талибанците. Една позната новинарка во Кабул рече дека добила заканувачки повик од талибанците, кои ѝ рекле: „Доаѓаме многу скоро“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com