10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Одрон од земјиште затрупа воз, силно невреме ја погоди Австрија

Најчитани вести

По силното невреме што ја погоди Австрија, беше активирано свлечиште во градот Вордеркримл и го затрупа возот што сообраќа во тој дел од земјата.

Австриските служби користеа тешка механизација за да ги отстранат големите количини од земја и остатоци што го затрупаа возот.

Тамошните власти, како што пренесуваат медиумите, потврдиле дека се повредени три лица, од кои едно потешко.

Свлечиштето се активираше по силното невреме, што предизвика штета низ Австрија, а особено беа погодени провинциите Пинцгау и Понгау.

Евакуирани се повеќе од 180 луѓе, а како што пренесуваат агенциите, пожарникарите морале да одат од подрум во подрум за да ги спасуваат граѓаните, кои биле заробени од свлечиштето.

Околу 70 луѓе беа заглавени во автомобили помеѓу две свлечишта. Во Хоеллентаклам, четири лица биле спасени од надојдените води.

Повеќе од 180 луѓе беа евакуирани, а пожарникарите излегоа на повеќе од 500 повици. Властите се обидуваат да утврдат колкава е штетата.

Оштетена е и железничката пруга долга 52 километри, која е популарна туристичка атракција. Некои патишта во Пинцгау и Понгау се уште се затворени поради свлечишта, пишува германски Билд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com