3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Одржана првата филмска вечер под отворено небо во Кинотека

Најчитани вести

Филмофилите синоќа имаа уникатна можност да уживаат во необична филмска вечер под отворено небо. Во дворот на Кинотеката беа прикажани класичните филмови на 35 мм лента: првите филмови на браќата Лимиер од 1895, „Кабинетот на доктор Калигари“, филм од германскиот експресионизам на Роберт Вине и „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов.

По поздравниот говор на директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, на посетителите им се обрати и д-р Атанас Чупоски, филмолог-советник во Кинотеката, кој ги запозна пристуните со пионерските почетоци на филмот во светот.

Синоќешната ретрокино вечер под отворено небо беше само своевиден тест, со надеж дека наредното лето дворот на Кинотеката повторно ќе биде исполнет со зуењето на 35 мм проектор и со презентација на многу други класици на големото платно, велат од Кинотеката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com