21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Одморалиште вредно 1,6 милијарди долари кое личи на град на духови – напуштени вили, уапсени инвеститори…

Најчитани вести

13 години по големата криза, куќите и натаму стојат на истото место.

Градот на духовите кој што требало да стане одморалиште вредно 1,6 милијарди долари станал вирален изминативе денови на социјалните мрежи.

Снимките ги прикажуваат напуштените големи вили, а околу нив се наоѓаат пораснати дрвја, по повеќе од една деценија по кризата на станбениот пазар.

Снимката била објавена од корисничка на ТикТок и за кратко време добила над 2,1 милион лајкови.

„Ова требаше да биде голема заедница од 1,6 милијарди долари. Требаше да го има еден од најголемите водни паркови во Мисури, терен за голф, центри за конференција и шопинг“, изјавила корисничката.

@carriejernigan1

##missouri ##branson ##house ##housetour ##jail

♬ original sound – ✨LAWYER CARRIE✨

Наместо тоа, како што рекла таа, претворен е во град на духови од 2008 година кога дошла кризата.

„Пет луѓе завршиле во затвор, а 13 години подоцна куќите само стојат таму“, рекла таа.

Инвеститорите сакале ресортот да има хотел со 390 соби, музеј и воден парк кој ќе биде втор најголем во светот на затворено, пренеле локалните телевизии во 2017 година.

Меѓутоа, откако луѓето кои биле вклучени во проектот завршиле во затвор, вклучувајќи и двајца кои лажеле за да добијат земјиште, проектот никогаш не бил завршен, пренесува „New York Post“.

Снимката се проширила на социјалните мрежи, а луѓето коментирале дека местото е „морничаво“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести