Home » Одмаздата се служи ладна: Џенифер Анистон подготвува милионска тужба против Бред Пит!

Одмаздата се служи ладна: Џенифер Анистон подготвува милионска тужба против Бред Пит!

by Журнал.мк

Како што пренесува шпанска Марка, Џенифер би можела да го тужи поранешниот партнер Бред Пит за 100 милиони долари, бидејќи тој има намера да ја продаде нивната заедничка продукциска куќа, План Б, која ја основаа уште кога беа заедно, на почетокот на 2000-тите. Таа тврди дека има авторски права на неа и смета дека треба да добие отштета за тоа.

Иако законски сè е легитимно и компанијата по разводот станала сопственост на актерот, Џенифер тврди дека не добила пари за заслугата бидејќи таа учествувала во нејзиното основање.

Извор близок до актерката за „Heat World“ изјавил дека на Џен ѝ е важно тоа што и таа била креатор и основач на таа куќа заедно со Бред, а имала и големи заслуги бидејќи ја градела од темел, а Бред бил повеќе задолжен за техничките работи.

– Џен очекува барем признание и да биде вклучена, во случај оваа продукциска куќа да се продаде, како и тоа дека постои опција да работи со тој што ќе ја преземе – вели неименуваниот извор.

Дека споменатата продукциска куќа била успешна во својата работа зборуваат и добиените награди, Оскар за „Минуо“ и „12 години робија”. Исто така, продукциската куќа учествувала и во блокбастерите „Троја“, „Чарли“ и „Фабрика за чоколади“.

Изворот смета дека, доколку Бред сака да постапи фер кон поранешната сопруга, а продажбата помине добро, Џенифер Анистон би требало да добие чек од 100 милиони долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More