Home » Одлуки од 11.седница на Уставниот суд

Одлуки од 11.седница на Уставниот суд

by Журнал.мк

На денешната седница не беше донесена одлука по иницијативата на член 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година, поради недоволно мнозинство при гласањето.

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијатива поднесена на член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести, член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести КОВИД-19.

На денешната седница не беше донесена одлука по иницијативата на член 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година, поради недоволно мнозинство при гласањето. Предметот, како што велат од Судот, ќе биде одлучуван на некоја од наредните седници

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 9 став 1 и 3 од Законот за Фондот за осигурување на депозити, а не поведе постапка за оценување на член 178 ставови 1 и 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk