23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Одложено судското рочиште за несреќата кај Ласкарци

Најчитани вести

За задутре е одложена главната судска расправа за автобуската несреќа кај село Ласкарци за која се обвинети шест лица. Во несреќата што се случи на 13 февруари 2019 година загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс”, Дурмиш Белули на рочиштето одржано на 23 март рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.

Сопственикот на „Дурмо турс”, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Процесот за овој случај го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести