4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Одложено судењето за „Беса транс“

Најчитани вести

Причина за одлагањето на денешното судско рочиште е отсуството на претставник на Царинската управа како сведок предложен од страна на јавното обвинителство.

Сопственикот и управител на „Беса Tранс”, Беким Хаџиу, и застапникот на правното лице „Беса Транс”, Шабан Хоџа, претходно се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за „фалсификување на исправа”, кривично дело за кое што се обвинети.

Според обвинението, Хаџиу, како управител на фирмата „Беса Транс”, преку возачите на автобусите во сопственост на фирмата, употребувал лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на меѓународен јавен превоз.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Следното рочиште е насрочено за 2 февруари.

Четириесет и пет државјани на Македонија, загинаа откако се запали патнички автобус со македонски таблички на автопатот „Струма”, во Бугарија на 23 ноември 2021 година. Само седуммина преживеаја несреќата.

Најнови вести