-3.7 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Одложено рочиштето за „Маџар телеком“

Најчитани вести

Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето за случајот „Маџар телеком“ за 29 јануари. За тоа рочиште треба да биде обезбеден сведокот Слободан Богоевски.

Случајот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Предметот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во Кривичниот суд денеска требаше да продолжат и судењата за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“. Но Судењето за „Титаник 3“ е одложено за 29 јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести