24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Одложено првото рочиште за убиството на Пино, обвинетата се појави во судница

Најчитани вести

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите, за што, како што рече, наместо осум дена од приемот на поканата, поминале четири дена.

Обвинителката Лидија Раичевиќ рече дека не може одбраната да се подготвува четири дена пред воведните говори.

„Секое одлагање на секое судење е штета и трошоци на Буџетот и создава лош впечаток кој не оди во корист никому, а најмалку на обвинетата“, рече Раичевиќ, пренесе Макфакс.

Откако судијката Ленка Давиткова го одложи судењето, мајката на Пино, Маја Трпковска, заедно со свештено лице, демонстративно ја напушти судницата. Следното рочиште е закажано на 27 ноември.

Убиството се случило на 11 декември 2018 година.

Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска, со месеци трагаше по синот, а скелетот беше случајно пронајден на крајот на април годинава. Осомничениот Фуркан е во бегство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com