13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Одложена продажбата на Motorola RAZR!

Најчитани вести

Еден од првите флексибилни смартфони кој требаше да се појави на пазарот, Galaxy Fold на Samsung, имаше проблеми со дисплејот и неколку дена пред официјално да стане достапен компанијата реши да го одложи настанот. По неколку месеци поминати во усовршување на технологијата на дисплејот, Galaxy Fold повторни се појави на пазарот. Со цел да не ги направи истите грешки, и Huawei го одложи претставувањето на Mate X. Huawei немаше проблем со дисплејот, но сакаше да се осигура во неговата издржливост пред да го најави на фановите.

Уште еден возбудлив уред на преклопување кој корисниците го чекаа со нетрпение е Motorola RAZR. Компанијата официјално го претстави на 13 ноември, заедно со слики од неговиот дизајн, спецификации и цена. Пред-продажбата беше закажана за 26 декември со цена од 1500 долари. Но, сега и овој датум беше одложен.

Според Motorola, причината позади ваквата одлука е големата побарувачка за уредот. Motorola RAZR нема никакви проблеми, туку предвидената побарувачка за него била поголема од очекувано. Со цел да може ги достави сите порачани единици, Motorola ќе мора да го зголеми производството.

Новиот датум на пред-продажба на Motorola RAZR не е познат. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com