33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Оди во затвор затоа што кашлал кон неговата поранешна сопруга и ја заразил со Корона

Најчитани вести

Маж во Австрија (63) бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со корона вирусот кашлајќи кон неа.

Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор, условно на три години, пишува АР.

Мажот беше осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со Ковид-19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееја во истата куќа, а пред да се разведат.

Обвинетиот, чие име не беше објавено, кашлал кон 70-годишничката откако дознал дека е позитивен на корона вирусот, изјави портпаролот на судот.

Тој бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедил да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да ѝ исплати 1.000 евра отштета на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме се опорави од инфекција со Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести