21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Одегард: Премиерлигата е најдоброто првенство, сонував да играм тука!

Најчитани вести

„Топчиите” го потврдија ангажманот на Мартин Одегард на позајмица од Реал Мадрид до крајот на сезоната, Норвежанецот откри дека разговарал со Дани Себаљас пред да се пресели во Лондон.

Пред почетокот на сезоната, Реал Мадрид ја прекина позајмицата на Мартин Одегард во Реал Сосиедад и го врати играчот на „Бернабеу“ како едиствено засилување за Зинедин Зидан.

На почетокот Мартин Одегард добиваше шанса, но во последно време има мала минутажа, па побара да замине.

Реал Сосиедад се посочуваше како дестинација, но играчот се реши за авантура во Премиерлигата и преселба во Арсенал. Попладнево пристигна официјална потврда, a Мартин Одегард го објасни својот избор.

„Во Норвешка, многу се следи Премиерлигата. Уште како дете, со моите другари ги гледавме сите натпревари. Ова е најдоброто првенство, сонував за настап тука. Ми се допаѓа стилот на игра на Арсенал. Ми се оствари сонот“ – вели Мартин Одегард, кој пред да дојдед во Лондон разговарал со Дани Себаљаос и со Микел Артета.

„Пред неколку дена ми пиша Дани Себаљос и имаше само убави зборови за клубот и тренерот. Тој беше среќен што пристигнувам и ова е важно, познавам некого во клубот и слушам добри работи од него“.

„Секако дека разговарав и со Микел Артета. Ми се чини дека тој е топ тренер и ми се допаѓаат неговите идеи и неговите погледи кон фудбалот. Направи да се чувствувам важно и тоа беше клучно. Секогаш кога одите на ново место, морате да се осигурате дека ќе се чувствувате добро и дека има план“.

„Арсенал има добар проект, и кога ми се укажа шансата да дојдам, морав да ја искористам. Навистина сум среќен“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести