17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

„Одбраната го добива мечот, Кјелини ќе каже дали може да одигра два меча за пет дена“

Најчитани вести

Италија се соочува со сериозни проблеми во дефанзивата откако главните два бекови, Леонардо Спинацола и Џовани Ди Лоренцо се во аут, а неизвесни се искусниот стоперски тандем Џорџо Кјелини – Леонардо Бонучи, па можеби „аѕурите“ против Македонија ќе мора да играат со комплетна втора дефанзивна постава.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини посочи денеска на почеток на подготовките дека од Кјелини зависи дали ќе може да одигра два меча за пет дена, додека за Бонучи потенцира дека тренира, но допрва ќе се евалуира дали може да го издржи напорот за два меча.

„Од овој момент во мисли ни е само мечот со Македонија, а за да победиме мора да имаме добра одбрана. Одбраната е таа што го добива мечот. И имаме низа ситуации. Бонучи тренира, добар е, но ќе направиме евалузација дали може да одигра два меча по ред. Со Кјелини исто така добра е ситуацијата, но можеби нема да може да игра на два меча. Ќе разговараме и заеднички ќе донесеме одлука. Ако тој мисли дека може да игра два меча за пет дена и ако ни рече дека сака и може да игра – ќе игра! Мислам дека нема да имаме поголеми проблеми за одбраната“, вели Манчини.

Кормиларот на „аѕурите“ посочи дека од своите избраници, кои и да истрчаат на „Ренцо Барбера“ во Палермо во четврток дека ќе бара само едно – максимална концентрација

„Јас тоа што сакам и тоа што ќе го барам од момците е само едно – да излезат со максимална концентрација на мечот. Се друго знаат што треба да направат и ќе го направат тоа. Не сум загрижен од формата на Инсиње и Барела, зашто тие за репрезентацијата секогаш давале и повеќе. Нормално е во тек на сезона да не може постојано да сте на сто отсто, но не ме загрижува. Има полна доверба во нив, исто и во Донарума, кој пособро е да го имате одошто да ви биде ривал“, додаде Манчини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com