-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

ОДБРАА НЕCEКОЈДНЕВНО МЕСТО: Еве каде Елена Петреска го прослави роденденот на ќеркичката

Најчитани вести

Родителството го учи човека на една нова лекција, дека фокусот може да се пренасочи во една прекрасна и чиста енергија, во безусловна љубов која ја чувствуваме кон децата. Мали или големи, за родителите секогаш ќе бидат деца на кои се центарот на нивниот свет.

За поп пејачката Елена Петреска и мецосопран како дел од ансамблот на Македонската опера и балет, целиот универзум се врти околу нејзините дечиња, синчето Михаил и ќеркичката Софиа.

Елена и сопругот Андреј почетокот на месец септември го користат за одмор покрај море, а истиот се погоди кога и е роденден на нивната принцеза.

И додека на повеќето дечиња родендените им ги слават во игротека или ресторан, мама Елена која секогаш е креативна, овој пат имаше идеја Софија да има роденденска торта на плажа.

Направија и семејна роденденска фотосесија која изгледа како од магазин, а за која сме сигурни дека ќе бидат еден прекрасен спомен кога Софиа ќе порасне.

Наследничката на пејачката наполни 3 години, без многу помпа и гужва, туку со сонце и морски ветар во коси и најважно опкружена со мама, тато и бато. Зарем треба нешто повеќе за среќа?

-Среќен роденден љубов мамина, ти посакувам да си најсреќна, те сакам најмногу! Нема поголема љубов од оваа што ја држам за раце, нема поголема причина од ова за да бидам благодарана и среќна секој ден!- напиша Елена во описот на прекрасните фотографии кои се најдоа на нејзиниот Инстаграм.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести