Денеска и официјално започнаа подготовките на машката одбојкарска репрезентација на Македонија за претстојното Европско првенство 2023.
Селекторот на нашата најдобра одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, повика 19 одбојкари во првиот дел од подготвителниот период, кој ќе опфати и голем број тест-натпревари за што подобро темпирање на формата за континенталниот шампионат чиј домаќин ќе биде и Македонија. Најдобрите македонски одбојкари се собраа по повод Европското првенство 2023, следуваат 44 денови подготовки, тренизни во два града и во три сали, 11 контролни натпревари.
Македонија во Скопје е домаќин на групата „Ц“ од Евроволеј 2023, каде нашата репрезентација ќе се сретне со Данска, Црна Гора, Чешка, Холандија и Полска во битка за едно од првите четири места кои водат во втората фаза на првенството.