Македонската одбојкарска репрезентација за првпат во својата историја е дел од ТОП 16 на Стариот континент.
Македонија утре во Бари ја очекува осминафиналната пресметка против најголемиот фаворит за освојување на европската круна Италија кој ќе се игра од 18 часот во спортскиот комплекс „Палафлорио“.
„Спартанците“ и дефинитивно ги очекува вистински спектакл за паметење. Спортскиот центар Палафлорио е еден од најмаркантните во јужна Италија, со капацитет од 6.000 седишта кој дефинитивно ќе биде исполнет до последното место за осминафиналето против Македонија.
Очекувајќи го дуелот денеска репрезентативците од Бари испратија видео честитка за Денот на независноста на Македонија, јасно потенцирајќи дека утре ќе го дадат максимумот од себе за достојно презентирање на националниот дрес…