Во пресрет на Европското првенство, Одбојкарската федерација на Македонија, во Агенцијата за млади и спорт, ги претстави новите дресови.
За две недели во четири држави ќе започне Европското првенство во одбојка. Покрај Бугарија, Израел и Италија, домаќин на континеталниот шампионат ќе биде и Македонија.
Македонската репрезентација во Ц-групата, во Скопје, ќе игра против Чешка, Данска, Црна Гора, Холандија и Полска.
Македонските одбојкари новата опрема ќе ја сефтосаат на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“. Покрај Македонија на турнирот што ќе се одржи од 18-ти до 20-ти август ќе учествуваат Египет, Јапонија и Грција.