Новак Ѓоковиќ ја испрати потребната документација за влез во САД. Тој се надеваше дека ќе му биде дозволено да дојде таму и покрај тоа што не е вакциниран против коронавирусот, што е услов за влез на странски државјани во земјата.
Сепак според последните информации од оваа земја, српскиот тенисер најверојатно нема да го видиме на турнирите во оваа земја, објави сенаторот од Флорида, Рик Скот. Тој напиша дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволено да игра во Индијан Велс и Мајами, но најважен е УС Опен, кој доколку победи ќе му донесе предност на Ѓоковиќ пред Рафаел Надал на вечниот пласман.
„Штотуку бев информиран дека американското Министерство за домашна безбедност го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцини, што го прави неподобен за турнирите во Индијан Велс и Мајами. Џо Бајден треба да го поправи тоа сега, да го даде ослободувањето и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави“, напиша Рик Скот.