-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Одбележување на Светскиот ден на борбата против СИДА

Најчитани вести

На шест локации низ Скопје ќе биде изведен перфоманс од страна на 15 танчери. На улицата „Македонија”, плоштадот „Македонија”, ГТЦ, East Gate, Vero Jumbo и City Mall во определено време, без претходна најава, ќе се појават учесниците во перформансот. Перформансот е во режија на Ивана Балабанов, а костимографијата е на Евгенија Зафировска. Во времетрање од 10 минути (на секоја локација) изведбата ќе ја пренесе пораката „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!”, а видео-материјалот од настапите ќе биде споделен преку социјалните медиуми.

Во рамки на одбележувањето ќе биде откриен мурал на зградата на Кинотека, чиј автор е Дејвид Стоилковски-Молерај, а веднаш потоа ќе биде прикажан филм за Фреди Меркјури, кој го разработува неговиот живот и опфаќа теми поврзани со ХИВ.

Со почеток од 21 часот, во Кинотека ќе се одржи вечерен настан за одбележување на Светскиот ден на СИДА 2021, со добротворен карактер. Настанот ќе содржи музичка програма и изведба на перформансот. Ќе биде промовиран и новиот календар изработен од Здружението. Средствата што ќе се соберат од добротворниот настан се наменети за помош на лицата со ХИВ.

Активностите за одбележување на Светскиот ден на СИДА се овозможени со поддршката од Министерството за здравство, Програмата Цивика Мобилитас и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com