Home » Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

by Журнал.мк

– Во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, во рамки на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, со воена свеченост ќе се одбележи денот на Командата за обука и доктрини (КОД). На воената свеченост, како што соопштија од Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, претставници од Кабинетот на шефот на државата, заменик на началникот и директорот на Генералштабот, команданти на командите и единиците, генералите во Армијата, поранешни команданти на единицата и други гости.

Пред припадниците на командата ќе се обратат министерката Петровска, началникот на Генералштабот, Ѓурчиновски и заменик на командантот на КОД, полковник Стојанче Тодоров.

– Согласно програмата ќе бидат доделени стимулативни мерки и награди на припадници од командата, плакети на поранешни команданти, организации и екипи кои учествуваа во натпреварите организирани по повод денот на единицата. Притоа ќе се доделат и признанија за освоени први места на ликовниот конкурс и конкурс за најдобра поема во соработка со основните училишта „Васил Главинов” и „Кирил и Методиј”, се вели во соопштението.

Командата за операции го одбележува 15 април, како датум кога пред триесет години во редовите на Армијата отпочнаа да пристигнуваат првите регрути на отслужување на воениот рок.

Воената свеченост, како една од организираните активности по повод 30 години од формирањето на Армијата е посветена на приемот на првите регрути и почетоците на изведување на обуката по која беа пополнети граничните и другите единици од витално значење со што отпочна целосното функционирање на Армијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More