Јапонија ја одбележа 78-годишнината од нуклеарниот напад врз Нагасаки. На комеморацијата, градоначалникот на градот ги повика земјите да се откажат од нуклеарното оружје.
По првпат комеморацијата на жртвите не се одржа во „Паркот на мирот Нагасаки“, туку во изложбена сала годинава одбележувањето се одржа во помал состав од вообичаеното, поради минувањето на тајфунот „Кануна“.
На 9-ти август 1945 година, кога атомска бомба беше фрлена на Нагасаки загинаа 70.000 луѓе од експлозијата, а уште толку беа повредени.