28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Огњен Врањеш ја оставил бившата сопруга без ништо

Најчитани вести

Фудбалерот Огњен Врањеш официјално се разведе со сопругата Даниела, и тоа по врска од 15 години, односно брак од шест години.

Како што пренесуваат српските медиуми, спортистот има обврска на својата бивша сопруга секој месец да и’ уплаќа 3.000 евра, а освен финансискиот надомест, Даниела наводно не добила ништо друго.

Според тврдењето на изворот на „Српски телеграф“, двата локали и големиот стан во Бања Лука останале во сопствеништво на фудбалерот.

Огњен одамна ги префрли недвижностите на име на мајка си и на брата си. На Даниела и’ го оправда тој потег со фактот дека тие сакаат да земат кредит за уште еден стан, па потребен им е залог. Даниела не се посомнева бидејќи безусловно му верување на Огњен и беше убедена дека никогаш нема да ја остави без стан“, раскажува изворот.

Според документот за развод, кој и двајцата го потпишаа, Даниела има право да остане во станот додека ќеркичката Адријана не стане полнолетна. Најспорната недвижнина за време на разводот беше деловниот простор за кој Даниела безуспешно се бореше да докаже дека е стегнат додека беа во брак“, изворот ја завршува приказната.

Деловниот простор е поголем од 200 метри квадратни, се наоѓа во центарот на Бања Лука, и остана во сопственост на Врањеш бидејќи му го препишал на својот брат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести