28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Огромна лебдечка направа започна да го чисти пластичниот отпад во Пацификот

Најчитани вести

Огромна лебдечка направа дизајнирана од холандски научници за чистење на „островот“ на отпад во Пацификот, за прв пат успешно почна да собира пластика и друго ѓубре од океанот.

„Островот“ на отпад во најголемиот океан во светот, Пацификот, сега зафаќа површина трипати поголема од Франција, пренесува „Гардијан“.

Авторот на проектот „Оучен клинап“, Бојан Слат, на Твитер напиша дека пловечката направа, со должина од повеќе од 600 метри, успешно ја извршила својата прва операција за чистење отпад во Пацификот.

Направата може да собере отпад со различна големина, од отфрлени мрежи и тркала на возила до мали парчиња пластика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести