-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Огромен интерес за германска виза, за само неколку часа над 50.000 заинтересирани Македонци

Најчитани вести

За само неколку часа од објавувањето, на веб-страницата на која државјани од Западен Балкан може да аплицираат за работна виза во Германија имало над 50 000 прегледи, објави денеска германската Амбасада во Скопје на својот Фејсбук профил.

На 1 септември во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан.

-Сојузната влада овозможи привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи, објаснува германската мабасадорка Анке Холштајн, на Фејсбук профилот на германската Амбасада во Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com