19.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Огнен Здравковски има нова песна, „Душа“, која ја сними во Белград

Најчитани вести

Огнен Здравковски има нова песна, „Душа“. Песната е на српски јазик, а видеото го снимаше во Белград. Музиката и аранжманот е на Саша Николиќ, кој работеше и на песната на Аца Лукас за Евровизија, „Оскар“. Лазар Милиќ работеше на миксот и мастерингот.

Спотот го сними режисерот Зоран Зонде Стојановски, а во него се појавува и српската манекенка Невена Гичевиќ. Се снимаше на повеќе локации во Белград и во ресторанот на Саша Ковачевиќ.

„Презадоволен сум од целиот проект. На песната работевме долго време со Саша Николиќ и сметам дека се исплатеше. Зонде направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“, ни рече Здравковски.

Спотот вчера беше промовиран на јутјуб-каналот на „Гранд“, а во наредните денови Огнен планира да го промовира и лично во емисиите на продукцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com