25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Овој татко го сметаат за херој поради она што го прави за неговиот син да стигнува навреме на училиште

Најчитани вести

Речиси секој Балканец сигурно барем еднаш од страна на своите родители ја слушнал добро познатата реченица: “Тебе ти е тешко да станеш за на училиште, а јас во мое време сум пешачел 20 километри по снег до колена”.

И додека ваквата реченица нам нѝ звучи интересно, во некои земји ваквото сценарио е вистинито. На социјалните мрежи се појавија фотографии од еден основец кој на патот кон своето училиште секојдневно се соочува со сериозни препреки за навреме да стигне на настава. 

Имено, на патот помеѓу неговиот дом и училиштето се наоѓа река на која нема мост, поради што секој ден ова дете влегува во пластична вреќа преку која неговиот татко го пренесува од еден брег до друг, а сè со цел детето да пристигне на настава суво и чисто.

Како што пренесуваат локалните медиуми, тој внимателно го сместува детето во вреќата, по што влегува во вода и трпеливо го остава на другиот брег. Истата постапка ја повторува и во текот на враќањето на детето од училиштето.

На овој начин, тој но и многу други деца во Виетнам секое утро пристигнуваат на настава во точно време.

Гестот на овој татко ги воодушевил корисниците на социјалните мрежи, а повеќето кои ја виделе објавата навеле дека се надеваат дека детето знае да го цени трудот на неговиот татко кој секое утро се погрижува тој да пристигне на настава и да се образова./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com