Овој осамен остров нуди работа од соништата: Даваат голема плата, а сè што треба да направите е да се грижите за овци! Ова е листата од обврски

0

Шкотскиот остров Северен Роналдсеј објавил многу необичен оглас за работа.

Имено, бараат заинтересирани овчари кои ќе бидат убаво платени да чуваат редок вид на шкотски овци – оркни. 

Островот бара искусни овчари кои ќе внимаваат овците да останат во стадото, да јадат само планирана храна која можат да ја сварат, да бидат на безбедни локации и оддалечени од сите карпи кои се наоѓаат во близина.

Овчарите ќе бидат задолжени и да внимаваат на ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивните на кои се одгледува храна за целиот остров. А бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправа.

Се работи 35 часа неделно, а платата е 24,473 евра.

При прифаќањето на работата, идните вработени ќе мора да останат три години во работен однос за ѕидот во целост да биде поправен, а бројот на овци да се зголеми.