8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Овој луксузен Maybach го возел Гадафи и сега е ставен на продажба…

Најчитани вести

Во 2010-та година компанијата Xenatec започна да ја прави купе верзијата на Maybach, по што настана луксузниот Xenatec Maybach 57S Coupe.

Планот беше да бидат произведени 200 вакви примероци, но беа направени само осум, а примерокот со број на шасија 004, била купена од страна на тогашниот либиски лидер, Моамер Гадафи.

Со оглед на тоа што Гадафи беше симнат од власт и убиен во 2011-та година, овој Maybach не е возен многу – има поминато само 2,300 километри и како што вели холандскиот салон Auto Leitner, тоа е примерокот со најмала километража на светот.

Автомобилот е практично во перфектна состојба. Под хаубата има 6.0-литарски V12 мотор кој испорачува дури 612 коњски сили.

Секако, овој ѕвер воопшто не е евтин. Своевремено од Гадафи бил купен за 675 илјади евра, а сега се продава по цена од 961,950 евра.


Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести