23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Овој лек, кој го користат стотици луѓе, докажано ја намалува смртноста од Ковид-19!

Најчитани вести

Статините може да се покажат како ефтина и ефикасна терапевтска стратегија во борбата против ковидот

Стотици милиони луѓе ширум Sветот користат статини, лекови кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го спречуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Новото американско истражување покажа дека статините, „лекови против маснотии“, исто така, ја намалуваат смртноста од ковид-19, пренесува порталот Medical News Today.

Покрај нивната примарна цел, статините имаат и силно антиинфламаторно, антикоагулантно и антивирусно дејство, сето тоа може да придонесе за намалување на компликациите поврзани со сериозна клиничка слика на ковид.

Затоа не е изненадувачки што група американски научници, меѓу кои имаше и кардиолози кои се грижеа за лица со ковид, го испитуваа влијанието на статините врз оваа болест.

Тие го споредиле исходот од третманот на 1296 пациенти хоспитализирани поради болест на ковид. Половина од нив користеле статини редовно пред инфекцијата, а половина не.

Откако се спариле пациентите за да се исклучат демографските разлики и другите фактори на ризик, тие откриле дека употребата на статин кај испитаниците ја намалува смртноста за 50 проценти еден месец по хоспитализацијата.

Ова е најголемата студија од ваков вид досега спроведена, но не е единствената. Студија спроведена минатата година во Сингапур покажа дека луѓето кои користат статини имаат помала веројатност да завршат на одделот за интензивна нега отколку оние кои не ги земаат како вообичаена терапија.

Американско истражување исто така открило дека пациентите кои користат статини се опоравуваат побрзо од ковидот.

Научниците веруваат дека тоа може да биде затоа што статините, покрај тоа што го намалуваат воспалението и ризикот од згрутчување, го отстрануваат холестеролот од надворешните лушпи на клетката. Рецепторите на кои се врзува SARS-CoV-2, вирусот што предизвикува ковид, се наоѓаат точно во делот на клеточната мембрана каде се таложи холестеролот. Без него, вирусот не може да навлезе во клетката, покажаа резултатите од студијата.

Научниците сега треба да ги потврдат своите наоди со поголеми и подетални клинички истражувања.

„Доколку клиничките испитувања ги потврдат резултатите, статините би можеле да се покажат како ефтина и ефикасна терапевтска стратегија во борбата против ковидот“, рече водечкиот автор на студијата, др. Махеш В. Мадхаван, кардиолог во медицинскиот центар Ирвинг на Универзитетот Колумбија во Њу Јорк.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести