23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Ова се новите Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron

Најчитани вести

Аudi на светот вчера му ги покажа Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron. Станува збор за првите два компактни електрични SUV возила на брендот со четири прстени.

Audi Q4 e-tron

Audi вели дека Q4 e-tron е клучен модел за нивната електрична офанзива до 2025 година, според која на најзначајните светски пазари ќе понуди повеќе од 20 автомобили со целосно електричен погон и ќе постигне околу 40% од продажбата да биде од електрични модели.

Двата модели, Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron воодушевуваат со новата димензија на просторот и внатрешноста, како и револуционерните решенија во поглед на ракување, приказ и системите за поддршка.

Дисплејот со надополнета реалност го спојува виртуелниот и реалниот свет на еден сосема нов начин.

Q4 Sportback e-tron

Во понудата има три варијанти на погонскиот систем, а најмоќната од нив е предвидена за quattro моделот со моќност од 299 КС. За сите заедничко е времето на полнење од само 10 минути со кое се добива досег од 130 километри и досегот од 520 километри со целосно полнење.

Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron ќе се најдат на пазарот од јуни, а претпродажбата ќе започне од крајот на месецов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести