18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Ова се најзгодните баба и внука што сте ги виделе

Најчитани вести

Младата Тиа Кристофи е своевидна сензација на Инстаграм – каде ја следат повеќе од 100 илјади луѓе, а популарноста ја стекна прво благодарение на провокативните фотографии, но и на советите за фитнес што понекогаш ги споделува.

Но, постои уште една интересна личност која ја прослави оваа црнокоса 18-годишна девојка на социјалните медиуми, а тоа е нејзината 63-годишна баба Лесли.

Лесли е поранешна фитнес шампионка, а очигледно на своите навики ја научила и својата внука.

Овие баба и внука од Мелбурн заедно вежбаат со тегови, но прават и кардио вежби без никаков напор.

„Секогаш сум се интересирала за фитнес и бев одлична во тоа во свое време и си ветив себеси дека моето тело ќе го негувам и на стари години. Сакав да бидам силна. Мајка ми секогаш зборуваше дека мажите не сакаат мускулести жени, но очигледно сакаат“ – изјавила Лесли за австралиските медиуми.

Нејзината внука Тиа создала љубов кон фитнесот уште од тинејџерските денови, па оттогаш редовно вежба со својат баба, а двете се многу популарни и на Инстаграм каде што ги следат повеќе илјади луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести