4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Ова се главните виновници за силните болки за време на циклусот

Најчитани вести

Грчеви, раздразливост, нередовна менструација – многу жени се соочуваат со тие потешкотии за време на тие денови во месецот. Симптомите на ПМС и проблемите со менструација може да се предизвикани од некои „сокриени“ причини.

1. Сте заборавиле да ја испиете контрацептивната таблета

Најголем виновник за најлошите симптоми на ПМС е промената во хормоналната рамнотежа. Со оглед на тоа дека таблетите за контрацепција делуваат врз хормоните, доколку заборавите да испиете две или повеќе, тоа може да доведе до нередовно крварење. Добро е да ги знаете дека сите методи на контрацепција (освен кондомот) влијаат врз циклусот, поради што најдобро би било пред нивно користење да се консултирате со гинеколог.

2. Под голем стрес сте

Стресот има исто влијание на организмот како и пасивното пушење, а може да ви го изремети циклусот. Кога сте под стрес, телото испушта хормон – кортизол, а кога сте под постојан стрес, тоа може да предизвика болен менструален циклус, нередовни менструации дури и прескокнување.

3. Имате нередовен сон

Студијата објавена во магазинот „Health Care Women International“ во кој се обработувале податоците на основа на испитувањата од нередовно спиење кај медицинските сестри кои работат во три смени, покажала дека нередовниот сон може да предизвика неправилности кај менструалниот циклус. Поточно, недоволниот сон може да го продолжи траењето на менструацијата.

4. Пиете големи количини кафе

Кога станува збор за „емоционалните турбуленции“, ПМС може да предизвика напнатост, несоница и раздразливост. А пиењето преголеми количини кафе може да ја влоши состојбата.

5. Често сте на пат

Честите патувања подразбираат недоволно сон, а истражувањата покажале дека тогаш доаѓа до пореметување во рамнотежата на хормонот мелатонин. Телото ќе се навикне на новата локација, но менструацијата може да ви доцни.

6. Претерувате со алкохолот

Експертите предупредуваат дека големите количини алкохол можат да ги влошат грчевите и да го продолжи нивното траење.

7. Претерувате со тренингот

Секојдневните вежбања и физичкиот напор може да предизвика хормонска нерамнотежа. Тоа не значи дека во оние денови во месецот морате во потполно да ги избегнувате вежбањата. Всушност, 30 минутните лесни или умерени вежби дневно може да ги ублажат симптомите на ПМС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com