14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ова овошје содржи најмногу шеќер: Поради него се дебелеете лесно и незабележливо!

Најчитани вести

Овошјето е добро за вас и му ги дава на организмот потребните нутриенти и минерали, но се разликува и по количината шеќер што ја содржи.

Ако сакате да ја одржите телесната тежина или сте на диета, добро е да знаете кое овошје треба да го одбегнувате…

Манго
Едно манго содржи околу 45 г шеќер, па не е најдобар избор за оние што се на диета. Ако мангото ви е омилено овошје, а сте на диета, изедете само резанка или две.

Грозје
Еден грст грозје содржи околу 23 г шеќер, а тоа многу за тие мали зрна што лесно се јадат. Помалку ќе изедете ако ги пресечете на пола и ги ставите во замрзнувач, но така сигурно ќе ви послужат како вистински летен десерт што се џвака малку подолго…

Цреши
Ретко кој не сака цреши, но за жал, тие содржат многу шеќер, па само со мала порција ќе внесете и до 18 г шеќер. Секако, најдобро е да ги јадете во мали количини, иако знаеме колку е тоа тешко…

Круши
Една мала круша содржи околу 17 г шеќер, па ако се обидувате да ги симнете вишокот килограми, немојте да ја јадете цела. Додајте неколку коцки во јогурт или во овошен сок, а можете да ја додадете и во салати.

Лубеница
Една резанка лубеница може да содржи и до 17 г шеќер, но таа содржи и електролити кои му се потребни на организмот за да закрепне по сончање. Јадете лубеница, само во умерени количини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести