14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Ова задача го збуни и професорот по математика: Интернет гори, го знаете ли точниот одговор?

Најчитани вести

Д-р Кит Јејтс, професор по математика на универзитетот, на Твитер ја објави математичката задача што на неговата седумгодишна ќерка и беше дадена за домашни задачи.

“Ова беше домашна задача на мојата ќерка (7) по математика во понеделникот. Може ли некој да ми помогне во одговорот”, објави професорот, додавајќи дека не се обидува да биде духовит, но навистина не е сигурен кој е точниот одговор.


На сликата е нацртан полукруг, со изјавата – „овој облик има два прави агли, точно или неточно? Објаснете го вашиот одговор “

Неговиот твит ги запали социјалните мрежи, а многумина ја „почешаа главата“ размислувајќи за точниот одговор.

„Би рекол да, точно, затоа што мислам дека, иако линиите лево и десно се закривени, тие прават агол од 90 степени во однос на правата линија“, е еден од одговорите.

Некои веруваат дека одговорот е негативен, токму поради тие закривени линии, додавајќи дека „задачата е премногу тешка за децата на таа возраст“.

Професорот Кит исто така се согласува дека е премногу тешко и додава дека „тој ќе ја искористи оваа задача да разговара со својата ќерка бидејќи одговорот може да биде точен и неточен, во зависност од разбирањето на „аголот“.

„Оваа задача ќе им ја дадам на моите студенти следната недела, да видам што ќе речат“, рече професорот.

На крајот, беше откриено дека се бара „не“ како точен одговор, но професорот Јејтс истакнува дека и другиот одговор не е целосно погрешен.

„Ако зумирате, ќе видите дека тангентите во полукругот прават прав агол. Значи, прифатливо е да се наведе „точен“ како одговор.“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com