17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Ова е планот на руските „миротворци“ како да ја фрлат на колена Украина

Најчитани вести

Ова е планот на Русија да го заземе Киев, според разузнавачките извори на Украинска правда:

1) Интензивирање на нападите околу градот, за да војниците го напуштаат Киев;
2) Заземање еден од аеродромите во Киев, по што бидејќи диверзантските групи ќе го исклучуваат градот од електрична енергија и комуникациите за да предизвикаат паника;
3) Организираат палења и грабежи за да се создаде поголема паника;
4) Извршување сајбер напад на владини веб-страници;
5) Предизвикување поголема паника за да се создадат „неконтролирани колони бегалци“ од Киев, за да се блокираат автопатиштата и за да се попречи движењето на украинските трупи;
6) Освојување и окупирање на владини згради.

Посакувана цел: Да се зароби раководството на државата (не е наведено кој) и да се принуди да потпише мировен договор по руски услови, заканувајќи се со големи цивилни жртви.

Резултат – Украина да се подели на два дела, како Источна и Западна Германија.

Сепак малку е веројатно дека Русија ги постигнала планираните воени цели од првиот ден, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Украинските сили покажаа жесток отпор низ целиот напредок на Русија“, се оценува во Лондон. Непријателските загуби, наводно, вклучуваат 7 авиони, 6 хеликоптери, 130 оклопни борбени возила и над 30 тенкови. Русија веќе загуби околу 800 војници, објави украинското Министерство за одбрана.

„Утрово сами си ја браниме државата. Како вчера, најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме на нашето небо и гледаме на нашата земја дека тоа не беше доволно“, порача утрово претседателот на Украина Володомир Зеленски додавајќи дека вака Украина била бомбардирана само во Втората светска војна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com