28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Ова е новата Škoda Octavia!

Најчитани вести

Премиерата на целосно новата Octavia се приближува, а заедно со моделот Golf се дефинитино најочекуваните новини од VW концертот оваа година кога станува збор за класични модели.

Сега тоа може да се види и од понудените скици.

Вообичаено, скиците не се реална претстава на конечниот модел, но сепак даваат добар увид во нештата. Исто е и со Octavia, така што според скиците делува како смалена верзија на Arteon. 

Судејќи според прототипите кои беа „фатени“ досега, не треба да се очекува нешто повеќе од еволуција во насока на смален Superb со отфрлена идеја за двојни предни светла. Она што можеби на многумина нема да им се допадне  е тоа што со доаѓањето на Scala, новата Octavie може да стане уште понедостапна, односно ценовно помалку атрактивна. Поставена на платформата MQB, лесно би го достигнала нивото на кое неодамна стоеше Passat.

Новата Octaviа својата премиера ќе ја има на 11.ноември кога ќе се знае повеќе за моторната понуда меѓу која сигурно ќе има и хибридна, како и за тоа кога доаѓаат останатите верзии – караван, Scout и RS.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести