Пејачката Ана Николиќ ги освои срцата на публиката кога првпат се појави на јавната сцена, а таа е сопственичка на најскапата песна на естрадата.
Една од нејзините песни особено се издвојува, а иако поминаа повеќе од 15 години од нејзината премиера, сепак сите сакаат да ја слушаат и да ја споменуваат.
Станува збор за песната „Ромале, ромали“, со која Ана се претстави на националниот избор за песна на Евровизија во 2006 година, Беовизион.
Уште од првото слушање се знаеше дека песната ќе биде голем хит, а не беше занемарлива и цената за која Ана ја купи од Кики Лесендриќ. Николиќ за оваа песна тогаш платила 30.000 евра, но бидејќи песната и денес на големо се слуша, очигледно не згрешила.