20.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Ова е најмоќниот електричен автомобил во светот, помоќен од „Rimac“! (ФОТО/ВИДЕО)

Најчитани вести

Новиот супер спортски автомобил беше претставен во музејот за автомобили во Торино. Ќе го произведува компанијата „Automobili Estrema“, а се вика „Fulminea“.

Возилото има четири електрични мотори со вкупна моќност од дури 2.040 ks, додека батеријата од која се напојуваат засега е деловна тајна.

Се споменува технологијата „solid state“, па благодарение на поголемата густина на зачуваната енергија, батеријата би понудила автономија од 520 километри.

Производителот потврди дека, благодарение на партнерот „ABEE Group“ (Avesta Battery Energy Engineering), ќе може да ја понуди оваа технологија на батерии меѓу првите во автомобилската индустрија, а ќе ја произведува „IMECAR Elektronik“.

Батериите тежат вкупно 300 килограми и се сместени во куќиште од јаглеродни влакна, а имаат капацитет од 100 kWh.

Од 10 до 80% од капацитетот ќе се полни за 15 минути.

Во однос на перформансите, „Fulminea“ достигнува до „стотка“ за 2 секунди и постигнува максимална брзина од 320 km/h за помалку од 10 секунди!

Ќе бидат направени точно 61 примерок, а почетната цена е 2 милиони евра. Првите испораки ќе започнат во втората половина на 2023-та година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести