16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Ова е момчето кое го нападна Макрон: Полицајците останале збунети кога му ја претресле куќата

Најчитани вести

Снимката од Емануел Макрон кој вчера доби шлаканица при посетата на департманот Дроме на југоистокот на Франција, ги обиколила социјалните мрежи и станала главна тема во светските медиуми.

Веќе одредено време владее незадоволство во Франција поради политиките на Емануел Макрон, пред се поради справувањето со корона-кризата. Сепак, никој не очекувал дека замерките ќе се претворат во физички напад.

Полицијата го открила идентитетот на мажот кој нападнал Макрон. Станува збор за 28-годишниот Дамијен Тарел, кој прво изговорил француска монархистичка парола, па при повикот “долу Макрон” го удрил францускиот претседател по лице.

Француската полиција го претресла домот на Тарел, во кој живеел со својата мајка, каде пронашле оружје, советско знаме, примерок од книгата на Хитлер “Мојата борба” и воени игри.

Дамијен Тарел, судејќи по фотографиите на неговиот профил на Инстаграм, бил вљубеник во средновековната историја, а често учествувал и во симулации на витешки борби, со воен оклоп на себе.

Веднаш по инцидентот, полициски извори Тарел го нарекле “антихрист”, но детективите кои работат на случајот сметаат дека тој е “идеолошка папазјанија”, пренеле локалните медиуми.

Локалните медиуми пренесуваат и дека тој и неговиот пријател, кој бил уапсен со него, биле маргинални членови на општеството, без работа и без други пријатели. Тарел следел левичарски и десничарски Јутјуб канали, како и емисии за историски битки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести