17.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Ова девојче има само 6 години, а сега купи куќа: Ја купила за 8 милиони долари, а еве како се збогатила

Најчитани вести

Јужнокорејската Јутјуб ѕвезда Борам (6), која има 30 милиони претплатници, купила недвижнина во елитното предградие на Сеул и тоа во вредност од 8 милиони долари.

Борам има два Јутјуб канали на кои ги објавува своите содржини. Каналот посветен на играчки го следат 13,6 милиони луѓе, а видео-блогот 17,6 милиони. 

Во еден од своите најпопуларни клипови, кои привлекол повеќе од 376 милиони прегледи, Борам направиле нудли користејќи играчки, пластична кујна, и потоа ентузајастично ги изела пред камера.

Меѓутоа, некои објави предизвикале критики во Јужна Кореја поради вредностите кои ги промовира, па некои граѓани во 2017-та година се пожалиле во невладината организација “Спасете ги децата”, стравувајќи дека некои нејзини видеа негативно влијаат на малолетниците.

Посебно биле загрижени поради клиповите на кои Борам краде паричник од својот татко и на кој изгледа како да вози автомобил. Невладината организација ги пријавила тие снимки во полицијата, по што истите биле отстранети.

Според листата на Форбс, меѓу децата ѕвезди на Јутјуб, минатите години најмногу пари заработил Ријан Каџи, со заработка од 22 милиони долари./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com