36.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Ова австралијанско момче стана најмладата личност која се запишала на Оксфорд: Имал само шест години кога неговиот татко случајно сфатил дека е посебен

Најчитани вести

13-годишниот Џошуа Бекфорд боледува од аутизам, но тоа не го спречило на шест години да стане најмладата личност која учела на Оксфорд.

Сон му е да стане неврохирург, а неодамна се нашол на листата од 30 најзначајни аутистични луѓе на светот.

Неговиот татко Кнокс Даниел сфатил дека синот има натпросечна способност за учење додека го држел во рацете, а тој работел на компјутер.

„Сфатил дека го интересира тастатурата. Му кажал која е која буква и забележал дека памети и дека разбира за што му зборува. Кога му рекол да покаже одредена буква, тој тоа го направил“ – раскажал Даниел.

На три години можел да зборува и да пишува јапонски.

Таткото одлучил да му постави предизвик во 2011-та година, па се јавил на универзитетот Оксфорд со молба да го примат на програмата за учење на филозофија за талентирани деца на возраст од 8 до 12 години. Го примиле иако бил помлад од тоа па така на шест години станал најмладата личност која некогаш се запишала на Оксфорд./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести