Копривата е богата со флавоноиди кои одлично делуваат на работата на организмот и зајакнувањето на имунитетот.
За богатството од витамини и минерали кои се содржат во оваа билка, половина килограм коприва содржи 3 пати повеќе провитамин А од дневната потреба на човечкиот организам.
За споредба, во 10 грама спанаќ има 10 милиграми калциум и 8 милиграми магнезиум, а 10 грама коприва содржи дури 290 милиграми калциум и 86 милиграми магнезиум.

Чај од коприва против опаѓање на косата
Чајот од коприва е еден од најдобрите природни лекови против опаѓање на косата. Копривата делува така што го храни коренот на влакното со витамини и минерали кои го поттикнуваат растот на косата. Освен тоа, таа е природен лек за првут, а за разлика од агресивните шампони, копривата не делува иритирачки на кожата на главата.
За потребите на зајакнување на косата, чајот од коприва може да се користи секојдневно. Во многу краток период косата станува посјајна, посвиленкаста, значително погуста, но и поздрава.

Чајот се подготвува како и било кој друг чај, а единствено на што треба да обрнете внимание е количината, бидејќи за миење на косата се потребни најмалку 2 литри чај. На една чаша вода ставете една лажица суви листови од коприва. Откако ќе го сварите чајот, оставете го да отстои најмалку 45 минути, а потоа процедете и измијте ја косата.
Чајот од коприва е потребно да го вмасирате во коренот на косата. Косата по масажата можете да ја замотате во капа за туширање или проѕирна фолија за хранливите состојки да се задржат на косата и за да продрат што подлабоко во коренот.