17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ОВАА НАВИКА ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО! Лекарите советуваат: Ова е првото нешто што треба да го направите кога ќе се разбудите!

Најчитани вести

Во текот на денот, експертите советуваат да консумираме околу 2 литри вода, а со овој ритуал треба да започнеме веднаш штом ќе се разбудиме.

А еве и зошто:

Го одржува здравјето на кожата

Водата му помага на нашето тело побрзо да се ослободи од токсините, а со самото тоа и нашата кожа станува поздрава и поблескава. Истражувањата покажуваат дека пиењето вода наутро ја подобрува циркулацијата и влијае на формирање на нови клетки, додека недостатокот на вода во организмот влијае на појавата на брчки и подлабоки проширени пори.

Помага во борбата против вишокот килограми

Покрај тоа што со пиењето вода стануваме помалку гладни и немаме „напади на глад“, нејзината консумација наутро му помага на телото да ги исфрли токсините, а во исто време ја подобрува и работата на цревата.

Го забрзува метаболизмот

Пиењето вода на празен стомак го забрзува метаболизмот за 24 отсто, а со забрзување на метаболизмот, нашиот дигестивен тракт побрзо ја вари храната. Исто така, водата ги чисти цревата, што им олеснува на органите да ги апсорбираат хранливите нутриенти од храната.

Ја ублажува жиговината

Жиговината може да предизвика зголемување на желудочната киселина, како и киселински рефлукс во хранопроводот, а пиењето вода наутро ја враќа киселината во желудникот. Исто така, кога ќе дојде време за појадок, нема да ги почувствувате симптомите на жиговина.

Го одржува здравјето на бубрезите и мочниот меур

Киселината може да влијае и на појавата на камења во бубрезите, а водата ја спречува оваа појава бидејќи ги чисти истите. Исто така, пиењето вода му помага на телото да ги исфрли токсините кои влијаат на воспалителните процеси во мочниот меур.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Консумирањето вода на празен стомак го балансира лимфниот систем, а стабилниот лимфен систем го зајакнува имунолошкиот систем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com