4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Оваа жена не старее: Натали ги засени српските манекенки во Нови Сад

Најчитани вести

Познатата манекенка се појави како гостинка на модна ревија.

Деновиве во Нови Сад се одржува Недела на модата, каде што српските модни дизајнери, како и странските учесници, ги претставуваат своите колеции пред љубителите на модата и автентичниот дизајн.

Меѓу присутните во публиката се најде и нашата поранешна манекенка Натали Грубовиќ, која позираше пред фотографите.

За оваа пригода, убавата Натали се одлучила за проверена и модерна комбинација сочинета од плисирано црно здолниште, споено со корсет од црна тантела со длабоко деколте, а завршниот стилиски печат избрала моторџиската јакна и минималистички сандали.

Инаку Натали веќе неколку години живее во Нови Сад, каде е среќно мажена, а пред година дена таа се оствари и во улогата на мајка./slobodenpecat.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести